„Мерцедес“ ќе прозведува автобуси во Србија

Од:

Германскиот автогигант „Мерцедес“ ќе склучи договор за стратешко партнерство со „Икарбус“ од Белград за прозводство на автобуси во погоните на оваа белградска фабрика, јави српската држвана телевизија РТС.

Во изјава за РТС, директорот на „Мерцедес-Бенц“ за Србија, Ролф Јирген Зејерле инфромира дека под раководство на експерти на германската компанија, во погоните на „Икарбус“ ќе се произведуваат шасии за автобуси марка „Мерцедес“ наменети за клиенти во Србија, но и за пазарите на други земји.

Зејерле најави дека „Мерцедес“ преговара за сорабтока и со српската фабрика за произвидство на камиони ФАП од Прибој, но одби да даде детали за содржината на преговорите.

„Мерцедес“ е вториот светски автогигант што инвестира во Србија, по италијанскиот „Фиат“. Се очекува производството на автобуси на „Мерцедес“ во „Икарбус“ на долг рок да ги реши проблемите со јавниот градски превоз во Белград и со меѓуградскиот автобуски сообраќај во цела Србија, посочува РТС.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија