МЕПСО привремено го суспендира „ЕНГ Сервис Трејд“ од пазарот на електрична енергија

Од:

МЕПСО привремено ја суспендира компанијата „ЕНГ Сервис Трејд“ и таа од денеска до 1 ноември го губи правото да работи како снабдувач на пазарот за електрична енергија, соопшти МЕПСО.

Во соопштението појавнуваат дека согласно Правилата за пазар на електрична енергија (ППЕЕ) МЕПСО како организатор на пазарот на електрична енергија изрекува суспензија во услови кога компанијата не ги исполнува своите обврски кои во овој случај се создадени поради преземена, но неплатена електрична енергија.

Суспензијата ќе биде продолжена до крајot на ноември доколку во тој период снабдувачот не ги подмири обврските. Доколку и до крајот на ноeмври не бидат подмирени обврските, МЕПСО согласно со ППЕЕ ќе го раскине договорот со компанијата снабдувач „ЕНГ Сервис Трејд“.

– Новиот менаџмент на МЕПСО во период од еден месец ги презеде сите располживи мерки: издаде опомени, активираше финансиска гаранција и на крај заради неподмирување на обврските привремено ја суспендираше компанијата снабдувач со електрична енергија согласно со ППЕЕ, наведуваат од МЕПСО и додаваат дека освен овие мерки, МЕПСО ги презеде и сите расположливи законски мерки и активности за наплата на своите побарувања.

Според МЕПСО, значајно е да се истакне, а тоа е што сите компании потрошувачи кои досега беа клиенти на „ЕНГ Сервис Трејд“ во изминатиов период обезбедиле нови снабдувачи со електрична енергија, а со тоа е обезбедено редовно и непрекинато снабдување на тие компании со електрична енергија.

Долгот на снабдувачот „ЕНГ Сервис Трејд“ кон МЕПСО е направен во најголема мерка во првиот квартал годинава, но од засега непознати причини претходниот менаџмент не ги активирал инструментите за наплата на долгот за што МЕПСО ги извести надлежните државни инстанци.

Одлуката за суспензија на „ЕНГ Серис Трејд“ е објавена на корпоративната интернет страница на МЕПСО.

Би можело да ве интересира

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Катерина Ѓуровски

ВМРО – ДПМНЕ: Обвинителството да отвори предмет за сомнежите за криминал во МЕПСО

Реакција од МЕПСО: Во голема паника, ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Директорот на МЕПСО кој му е братучед на Изет Меџити потроши 15.000 евра за цвеќе тврди ДУИ

Катерина Ѓуровски