МЕПСО ќе го суспендира „ЕНГ Сервис Трејд“ ако не врати долг од 40 милиони денари

Од:

Педесет и седум милиони денари е вкупиот долг кон МЕПСО на компании кои учествуваат на пазарот на електрична енергија што го наследи новото раководство. Овој долг е направен од почетокот на годината, а 70 отсто отпаѓа на компанијата „ЕНГ сервис Трејд“.

Ова го соопшти Симон Шутиноски, директор од новиот менаџмент во МЕПСО на денешната прес-конференција.

Од МЕПСО најавуваат дека ќе го суспендираат „ЕНГ Сервис Трејд“ ако не врати долг од 40 милиони денари, направен за преземена, но неплатена електрична енергија.

– Повеќе од 70 отсто од вкупниот долг, кој во најголем дел е направен во првиот квартал годинава, е на компанијата снабдувач, ЕНГ Сервис Трејд. Претходниот менаџмент, од засега непознати причини, не презел мерки за активирање на инструментите што стојат на располагање за негова наплата. Претпоставуваме дека, надлежните државни инстанци ќе покажат интерес за овој случај за што менаџментот и официјално ќе ги извести, рече Шутиноски.

Тој информираше дека по објавување на јавната опомена пред суспензија за овој снабдувач, вчера е даден налог за активирање на банкарската гаранција депонирана од оваа компанија, со што ќе се покрие дел од долгот на ЕНГ Сервис Трејд спрема МЕПСО.

МЕПСО, како што истакна Шутиноски, во иднина ќе постапува врз основа на законските прописи и правила со цел навремено информирање на јавноста и спроведување на мерките за заштита на јавниот интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико