МЕПСО и Сименс Сиксон ќе ја ревитализираат 400/110 киловолтната трафостаница „Дуброво“

Од:

АД МЕПСО и конзорциумот Сименс Сискон денеска во Владата потпишаа Договор за ревитализација на 400/110 киловолтната трафостаница „Дуброво“ со кој се предвидува целосно да се замени примарната високонапонска и секундарната опрема на трафостаницата, што е стара 40 години.

Вредноста на договорот е 4,6 милиони евра, а ќе се финансира од сопствени средства на МЕПСО, грант од Вестерн Балканс Инвестмен Фрејмворк и кредит од Европската банка за обнова и развој. Ревитализацијата на трафостаницата „Дуброво“ ќе трае три години, а работите се очекува да почнат на почетокот на идната година.

Според најавите, со реализацијата на овој проект се очекува да се обезбеди зголемена сигурност и доверливост во работењето со високонапонската опрема, мониторинг во реално време, навремено детектирање и превенција на дефекти и оптимализација во управувањето со електро- преносниот систем.

Би можело да ве интересира

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико