МЕПСО и Регулаторна потпишаа меморандум за спојување на пазарите на струја со Косово, Албанија и Грција

Од:

Претставници на операторите на преносните систем оператори, регулаторните тела и берзите на електрична енергија од Ррпублика Северна Македонија, Грција, Абанија и Косово денеска во Атина потпишаа Меморандум за разбирање за спојување на пазарите на електрична енергија и создавање на единствен пазар на електрична енергија кој ќе биде поврзан со европскиот пазар, соопшти МЕПСО.

Спојувањето на пазарите на електрична енергија ден-однапред, се наведува во соопштението, воведува нова ера на енергетска соработка која ветува значителни предности за сите земји од регионот и тоа во делот на енергетската безбедност и интегрирање на нови извори на енергија, а потрошувачите ќе добијат конкуренти и пониски цени за електрична енергија.

-Регионалната интеграцијата на пазарот на нашата држава со држава од ЕУ- Грција, како и со Албанија и Косово е само чекор и увертира кон постигнување на целта – а тоа е единствен пазар во Европа за електрична енергија што подразбира ефикасност, оптимално користење на преносните капацитети и можност за поголемо вклучување на производството на електрична енергија, односно зголемување и интензивирање на инвестициите во обновливи извори на енергија и влез на нови технологии, изјавил претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Генералниот директор на АД МЕПСО, Зуди Енуз нагласил дека потпишувањето на овој Меморандум за разбирање претставува само еден дел од процесот на кој темелно и безрезервно работат сите балкански земји.

-Процесот на спојување на пазарите на електрична енергија е моќна алатка за подобрување на ликвидноста на пазарот, за стабилност на мрежата, интегрирање на обновливите извори на енергија, зголемена транспарентност и конкуренцијата, а од сето тоа корист ќе имаат и потрошувачите и стопанството и сите учесници на пазарот, додал тој.

Според директорот на МЕМО, Симон Шутиновски, Меморандумот дава можност за МЕМО и за Северна Македонија да го направат следниот чекор кон понатамошна интеграција со берзите на енергија во остатокот од Европа.

-На тој начин ќе направиме опкружување способно да ја оптимизира употребата на прекугранични интерконекции и трговија со електрична енергија и ќе доведе до поодржлива транзиција на чиста енергија, додал тој.

Потписници на меморандумот, како што се вели во соопштението, покрај АД МЕПСО и МЕМО, се и ИПТО од Грција, ОСТ и ALPEX од Албанија, КОСТТ од Косово, како и претставници од регулаторните комисии на четирите земји потписнички.

Би можело да ве интересира

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Катерина Ѓуровски

ВМРО – ДПМНЕ: Обвинителството да отвори предмет за сомнежите за криминал во МЕПСО

Реакција од МЕПСО: Во голема паника, ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Директорот на МЕПСО кој му е братучед на Изет Меџити потроши 15.000 евра за цвеќе тврди ДУИ

Катерина Ѓуровски