Меѓународната организација на трудот бара државите да ги поддржат работниците-мигранти

Од:

Меѓународната организација на трудот (ИЛО) денеска апелираше до владите да ги поддржат десетиците милиони работници мигранти, кои поради пандемијата се принудени да се вратат во своите држави, каде ќе се соочат со невработеност и сиромаштија.

„Владите треба да ги вкулучат работниците кои се вратиле во татковината, од кои многу преку ноќ ја загубиле работата, во мерките за социјална заштита и да ги реинтегрираат во националните пазари на труд,“ се наведува во соопштението на ИЛО.

Директорката на Одделението за услови на рабоа и еднаквост а ИЛО, Мануела Томеи изјави дека ова е “потенцијална криза во кризата“.

Се проценува дека ширум светот има 164 милиони работници мигранти, од кои речиси половината се жени. Според податоците на ИЛО, тие претставуваат 4,7 проценти од глобалната работна сила. Голем број од нив работат во секторот за здравствена нега, транспорт, домашните работи и земјоделството.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски