Мега-скандалот со перењето валкани пари ги урна акциите на големите светски банки

Од:

Берзанските котирања на големите светски банки денеска се соочуваат со значителен пад по објавата на мега-скандалот и истражувањето на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ), за долгогодишните сомнителни операции и перење пари со вкупна вредност од два билиони долари извршени од низа големи банки од САД, Велика Британија и Германија.

Меѓународниот новинарски проект „Касандра“ е заснован на доверливи документи од финансиското разузнавање на САД (ФинЦЕН) за сомнителни трансакции на американските банки. Во материјалите има информации за банкарски трансакции на милијардери и олигарси од Турција, Русија, Казахстан, Бугарија, Украина, САД, Бразил, Венецуела, Јужна Африка и други земји. „Касандра“ е проект на 110 медиуми од 88 земји, меѓу кои и ИЦИЈ и Проектот за известување на организиран криминал и корупција (ОЦЦРП)..

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, први реагираа котирањата на главните субјекти во центарот на скандалот, американската JPMorgan (-4 отсто) и Bank of New York Mellon ( -3,3 отсто), на британската HSBC (-6 отсто) и на Standard Chartered Bank (-5,5 проценти), исто така и таа и на германската Deutsche Bank ( -8,5%).

Овие банки ги повлечија со себе котирањата на други банки. Акциите на водечките француски банки BNP Paribas, Societe Generale и Credit Agricole во првите часови на тргувањата денеска изгубија 5 до 6 отсто. Најголемите банки на Шпанија, Santander и BBVA изгубија по 6 отсто, а водечката италијанска банка, Unicredit, изгуби 1,6 проценти.

Поради намалените котирања во банкарскиот сектор, намалување денеска имаше и кај основните берзански индекси на Европа. Германската Dax од почетокот на тргувањата се нанмали за 3 отсто, британската FTSE 100 за 3,5 отсто, додека француската CAC 40 — за 3,2 проценти.

На американските берзи пак, каде тргувањата штотуку започнуваат, првичните тргувања укажуваат на негативен тренд: индексот Dow Jones се намали за 0,9 отсто, додека S&P 500 за 1,2 проценти.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ

АНАЛИЗА : Банките ги заострија кредитните услови – фирмите и граѓаните „воздржани“ од нови задолжувања !