Машинскиот персонал на железници најави прекин на работните обврски

Од:

Машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт ад Скопје од 7:00 часот изутрина не ги извршува работните обврски во знак на протест од доцнењето на исплатата на платата и нејзино селективно зголемување на дел од вработените, изјави за МИА Душко Чакаровски претставник на Машинскиот персонал.

Преку протетсот, информира Чакаровски, се бара исплата на вториот дел од априлската плата и плата за мај и изготвување правилник за вреднување на работните места.

Со возниот ред на МЖ Транспорт првиот воз што треба да сообраќа по стапувањето во сила на одлуката за прекин на работните обврски е предвиден за 9 часот изутринава.

Според Чакаровски, денеска ќе бидат пропуштени само возовите за Битола во 14:00 часот и за Гевгелија во 16:55 часот, како и меѓународните Белград-Скопје-Солун, како и Солун-Скопје-Белград. Доколку во меѓувреме не се постигне договор со раководството на компанијата и ресорното Министерство за транспорт и врски од утре ќе се пропушта само експресниот воз Белград-Скопје-Солун, изјави Чакаровски.

Тој рече дека во текот на денов очекуваат средба со новиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, со кого веќе разговарале по неговиот избор и му ги претставиле состојбите со доцнењето на платата. Со в.д директорот на МЖ Транспорт ад Скопје Игор Коруноски, како што рече Чакаровски, немале средба од 12-ти минатиот месец, но му ја испратиле одлуката за прекин на работа што ја донеле на 31 минатиот месец.

Чакаровски истакнува зад прекинот на работата не стои синдикатот, туку претставници на целокупниот машински персонал.

Машинскиот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје го сочинуваат 90 машиновозачи и околу 50 помошници.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

Орце Костов

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

Орце Костов

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

Орце Костов

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

Орце Костов

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски