Марк Карни: Инфлацијата во Британија ќе расте поради падот на фунтата

Од:

Гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни изјави дека инфлацијата во Британија ќе расте, поради падот на вреднота на фунтата.

Карни вели дека падот на фунтата му „помага на прилагодувањето на домашната економија“ но тоа, од друга страна, ги погодува оние со најниски приходи, затоа што Британија сега се префрла од периодот  без инфлациа, во време исполнето со инфлаторни движења.

Инфлацијата прво ќе се појави кај храната и прехранбените производи, чии цени ќе растат, додека потоа ќе се зголемуваат цените и на другите производи, како  и на услугите.

Карни претходно изјави дека се согласува со пораст на инфлацијата, над изработената проекција од два отсто, доколку тоа значи економски раст и заштита на работните места.

Целата оваа систуација во која навлегува Британија инејзината економија се последица на одлуката на мнозинството од Британците да се напушти ЕУ.

– Меѓу 400 и 500 илјади работни места  ќе се најдеа во ризик , доклку Банката на Англија, итно не интервенираше со низа мерки, по референдумот од 23 јуни, објаснува гувернерот Карни.

Тој меѓутоа, инсистира дека Банката  не е таа која ја креира и ја определува полтиката во економијата, туку дека тоа е работа на владата која сега треа да ги определи параметрите во повеќе сектори , откако земјата се наоѓа во една сосема нова ситуација.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он