„Мани-Грам“ ќе добие кинески сопственик

Од:

По се изгледа дека американската компанија за трансфер на пари „Мани-Грам“ оди во кинески раце, оти компанијата ќерка на „Алибаба“, „Ант Фајненшл“ го победи конкурентот од САД, „Еуронет Ворлдвајд“, понудувајќи 1,2 милијарди долари, објавуви Блумберг, повикувајќи се на соопштенија на двете компании.

Тоа би значело прв чекор за „Ант“ во проширувањето кинеската компанија во меѓународни рамки.

– Имаме две прашања – што ќе добијат акционерите на „Мани-Грам“? И што „Ант Фајненшл“ всушност нуди со својата ревидирана понуда? Другата тема е политиката што навистина се плете тука, оти кинеските компании често се соочуваат со потешкотии во одобренијата за американски зделки, изјави аналитичарот Кирк Будри.

„Ант Фајненшл“ е управител на популарната кинеска мобилна платформа „Алиплеј“ и има 450 милиони корисници. „Еуронет“ пак, има мрежа од 35.000 банкомати.

Акционерите на „Мани-Грам“ на 16 мај ќе одржат состанок, на кој ќе се гласа за евентуалното идно спојување на компанијата со „Ант“.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок