Манчевски: За реформа на администрацијата следната година предвидени 66,3 милиони денари

Од:

Граѓаните треба да имаат јасна слика на што се трошат нивните пари, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски пред и официјално да ги соопшти буџетските проекции на МИОА за 2019 година.

На прес-конференција во Владата Манчевски информира дека буџетот на Министерството за идната година ќе тежи вкупно 1,55 милијарди денари што е мал пораст од лани, а најголемиот дел од средствата, 1,2 милијарди, се наменети за финансирање на МРТ, Македонската радиодифузија и АВМУ.

Според министерот, за реформи на јавната администрација се предвидени 66,3 милиони денари. Составен дел на буџетот се и 2,4 милиони денари за Електронскиот регистар на население.

-Со поддршката, МРТ, МРД и АВМУ добиваат предвидливи средства за да ја планираат програмата и да бидат автономни во уредувачката политика, истакна Манчевски.

Нагласувајќи дека повеќето проекти што ги реализира Министерството се поддржани од ЕУ, министерот најави и нова стратегија за широкопојасен интернет што треба да биде готова до крајот на оваа година, а до средината на идната треба да се изготви и ИКТ стратегија.

„Повеќе пари за граѓаните“ е мотото под кое министерот Манчевски ги презентира средствата од буџетот на МИОА за 2019 година.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мачевски беше дециден дека во 2019 година нема да има вработувања по Рамковен договор. За тоа, како што рече, не се предвидени пари во буџетот, но ќе се земе предвид правичната застапеност. На ова прашање упати да се побара одговор од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

Би можело да ве интересира

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски