Манчевски: Вработените по Рамковен договор ќе бидат распределени на соодветни работни места во институциите од јавниот сектор

Од:

Наследениот проблем со 1.600 вработени согласно Рамковниот договор, конечно е надминат. Ова го најави на брифингот за медиуми, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со вицепремиерот Хазби Лика.

„По анализата на која што работевме изминатиот период и спој на потребите на институциите и професионалните квалификации на вработените, направивме план за распределба на 958 лица, вработени по Рамковен договор. Основни критериуми по кои се водевме при распределбата се образованието, работното искуство, моменталната состојба со бројот на вработени во институциите каде се распределуваа и местото на живеење“, објасни министерот Манчевски.

Како што истана тој станува збор за распределба која им одговара и на лицата кои се распределуваат, но и на институциите. Поради тоа во процесот вклучени се голем број на институции, кои треба да преземат секој од нив соодветен број на лица.

Како резултат на политичката волја за надминување на овој проблем, на процесот им претходеа измени во Законот за административни службеници, и Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за Управата за јавни приходи, Законот за даночна постапка и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

„Создадовме услови, овие вработени да можат да се распределат не само во административната служба, како што беше случајот до сега, туку и во институциите од јавниот сектор, со што се значително се зголемува бројот на институции каде овие лица ќе почнат со работа. Тоа што е важно да се напомени е дека, доколку овие лица одбијат да бидат распределени на работните места предвидени за нив посред споменатите критериуми, ќе бидат префрлени на трансфер листата на МИОА. Во моментот кога ќе бидат побарани за превземање, имаат обврска да ја прифатат понудата. Доколку повторно одбијат, со нив договорот ќе биде раскинат“, информираше министерот.

Во оваа фаза се решава проблемот со 958 лица, од вкупно 1.600. Останатите се дел од втората фаза на распределба. Целта е институциите да имаат време да ги променат систематизациите и постепено да ги вклучат вработените во работниот процес.

Вработувањата на овие лица започнало во 2008 година, и се до 2014-15 година, биле вработувани во согласност со објавените огласи во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

Орце Костов

Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

Орце Костов