Макрон го претстави планот за борба против сиромаштијата

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон го претстави долгоочекуваниот план за борба против сиромаштијата, според кој, осум милијарди евра ќе бидат издвоени за четири години.

Макрон ја претстави национална стратегија за превенција и борба против сиромаштијата со цел искоренување на нееднаквостите во општеството и да им се помогне на оние кои се најранливи да излезат од сиромаштија, пренесува Н1.

Аналитичарите веруваат дека Макрон сакал лично да го претстави планот загрижен поради имиџот во француското општество дека тој е „претседател на богатите”.

Локалните медиуми објавија дека во Франција има околу девет милиони сиромашни, од кои три милиони деца, што е околу 14 проценти од вкупното население.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека речиси една четвртина од Французите не можат да си дозволат здрава исхрана со три оброци дневно.

Повеќе од половина од испитаниците, односно 56 проценти, изјавиле дека имаат потешкотии во плаќањето на здравствената нега, додека 41 отсто признале дека е тешко да се одвојат пари за одмор или редовно да се плаќа училишната храна за децата.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

Зеленски по средбата со Трамп: Ви благодарам, ова може да е историска средба

Макрон: Зеленски не може да се согласи на прекин на огнот додека проектили паѓаат врз Киев

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети