Макпетрол со одлични резултати, додека институциите и натаму молчат околу постапката за преземање

Од:

Нафтениот гигант Макпетрол годинава бележи извонредни резултати – компанијата во првите девет месеци од 2016-та има добивка од околу 4.7 милиони евра, со изгледи добивката да се зголеми до крајот на годината. Ова, според познавачите, јасно укажува на причините зошто Макпетрол беше на мета на сомнителни руско-украински бизнисмени, кои се обидоа да ја преземат компанијата, за сума која е далеку под реалната. Иако поминаа пет месеци од понудата на анонимната офшор-компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, македонските институции и натаму молчат околу сите аспекти на постапката, која во моментов е времено запрена.

Комисијата за хартии од вредност, која е надлежна да одлучува за понудата на „БПХЛ“, уште во септември ја запре постапката, со образложение дека се чека „решавање на „претходно прашање кај друг надлежен државен орган“. Освен тогашното штуро соопштение, КХВ и пред и по ова, не откри никакви информации за кој било аспект од постапката, оставајќи ги вработените и акционерите во Макпетрол, но и целата македонска јавност, во неизвесност околу судбината на најголемата нафтена компанија. Игнорантскиот однос на КХВ ги засили сомнежите дека се прави обид на мала врата да дозволи влез на сомнителен капитал од странство во македонското стопанство.

Ништо подобар не е ниту односот на другите надлежни институции, како Централниот депозитар за хартии од вредност, кон овој случај. ЦДХВ од самиот почеток не се изјаснува околу банкарската гаранција за преземањето, која „Балкан Петролеум“ наводно ја доставил – од оваа институција упорно кријат и дали гаранцијата сега е сè уште валидна, ако таа воопшто некогаш и постоела. Ниту една институција не ги истражи ниту наводите за матното минато на „инвеститорите“ од „БПХЛ“, чии биографии, како што открија новинарите-истражувачи, се преполни со обвинувања за корупција, сомнителни зделки, перење пари и врски со мафијата, за што некои од нив се и на „црна листа “ на Европската унија.

Покрај добивката, Макпетрол во првите девет месеци од годинава ја подобрил малопродажбата на енергенси за 10 проценти, а книговодствената вредност на акцијата е зголемена на 542 евра. Остварувањето на финансискиот план е надминато за 62 проценти. Со сето ова, пропаднаа лажните приказни на „БПХЛ“ дека Макпетрол е загубар, кој требаше да го „спасуваат“„инвеститорите“ од Девствените Острови, откако претходно ќе го преземат контролниот пакет акции за смешни 24 милиони евра.

Сепак, молкот на институциите и нивниот сомнителен однос кон овој случај и натаму ги држат вработените и акционерите во Макпетрол во неизвесност за иднината. Според експертите, државата не смее да дозволи во македонското стопанство да влезе црн капитал од странство – ваквиот потег би бил погубен за нашата економија, а последиците со децении би ги чувствувале сите македонски граѓани.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство