Македонски компании добитнички на светскиот избор на ИКТ награди за извонредност

Од:

Со ИКТ решение за јавен транспорт Македонски Телеком а.д. Скопје е победник во категоријата  Решение за одржлив раст на „Глобалните ИКТ награди за извонредност” кои се спроведуваат од страна на „Светската алијанса за информатички технологии и услуги“ (WITSA), соопшти денеска Стопанска комора на компании во Македонија од информациската и комуникациската технологија (МАСИТ).

Во рамки на истиот избор, на македонските компании Брансис и 4Виртус им е доделено посебно признание – награда за заслуга (Merit Award), со кое иако не се победници се истакнуваат со нивната извонредност и препознатливост како ИКТ компании.

Наградите се доделени за време на Светскиот Конгрес за ИТ во организација на WITSA, одржан во Бразил, Бразилија.

Изборот „Глобални ИКТ награди за извонредност” организиран од страна на Светската алијанса за ИТ услуги се одржува на секои две години и за време на Светскиот конгрес на WITSA се доделуваат наградите со цел да се даде признание на компаниите и организациите за ИТ достигнувањата на глобално ниво. Наградите што се избираат во рамки на овој избор ги опфаќаат следниве категории: Решение во јавен сектор, решение во приватен сектор, Решение за дигитални можности, Решение за одржлив раст и Извонредни мобилни решенија. МАСИТ како член на оваа глобална организација има можност да предлага решенија од Македонија и оваа година беа номинирани  пет.

– Наградите добиени од страна на WITSA претставуваат исклучително достигнување не само за компаниите добитници на истите, туку и за целокупната македонска ИКТ индустрија. Истите се потврда дека Македонија како земја е конкурентна на светско ниво кога станува збор за ИКТ и располага со висококвалификувани кадри и компании кои постојано ги следат светските трендови и технологии и можат да одговорат на потребите за креирање на најсовремени ИКТ решенија, изјави Анита Никова, извршен директор на МАСИТ.

Светката алијанса за информатички технологии и услуги е водечки признат меѓународен глас  на глобалната ИКТ индустрија, чии членови од повеќе од 80 земји и економии, претставуваат повеќе од 90 проценти од светскиот ИКТ пазар.

Би можело да ве интересира

CompanyWall трговска марка – валидна референца за успехот на македонските компании

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

За шест години, над 362 милиони евра народни пари кај седум градежни комапнии

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Бизнисмените предупредуваат: Можни се отпуштања без државна помош и поевтина струја

A1on