Македонија промовирана на саем за туризам во Милано, Италија

Од:

Во рамки на  планираните саемски презентации за оваа година од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во периодот од 14-17 февруари 2013 година, Република Македонија првпат беше присутна на саемот за туризам „Бит 2013“ во Милано, Италија.

Македонските туристички потенцијали беа презентирани на италијанскиот пазар со штанд на кој исто така земаа учество и туристички агенции од нашата земја, кои италијанскиот пазар го одредиле како таргет.

Во текот на четиридневното промовирање, соопшти денеска Агенцијата, беше организирана презентација на туристичкиот потенцијал на Македонија пред туроператори и новинари од Италија, како и пред потенцијални туристи, проследена со дегустација на традиционална македонска храна и вино.

Презентацијата беше отворена од страна на генералниот конзул на Република Македонија во Италија, Амон Бајрамовски  кој истакна дека позитивните билатерални односи помеѓу двете земји и одличните дипломатски, економски и политички односи преставуваат добра основа за проширување на соработката и во туристичкиот сектор. Презентацијата на туристичкиот потенцијал на нашата земја проследена со видео материјал од промотивната кампања Македонија Тајмлес, ги покани присутните да ја посетат нашата земја и лично да се запознаат со богатата  историја, култура, религија, архитектура, природа и секако вкусна храна и вино на кои ниту еден посетител не останува рамнодушен.

Комбинирајќи ги познавањата на туристичките потенцијали и регулативите во нашата земја од страна на преставниците на АППТ  и туристичките агенции, со контактите на нашиот конзулат, ангажираност на нашиот економски промотор во Италија Иван Илиев, како и на почесниот конзул на Република Македонија во Италија Франко Пилато, направена е уште една успешна промоција која претставува почеток на низа планирани промотивни активности во правец на зголемување на бројот на туристи од овој исклучително значаен европски пазар кој покажува интерес за религиозниот туризам и кружните тури низ балканот вклучувајќи ја и нашата земја.

Саемот „Бит 2013“ имаше над 2.000 излагачи, од повеќе од 120 земји кои ги промовираат своите потенцијали на површина од 86.000м2. Бројот на посетители од 90.000, како и присуството на 60.000 професионалци во туризмот од кои 44 проценти се  туристички агенции и 3.500 новинари преставуваат причина повеќе за одлуката за промовирање на нашата земја во рамки на овој реномиран саем од областа на туризмот.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска