Македонија претставена во реномирано туристичко списание во Чешка

Од:

Реномираното чешко списание за туризам и патување „Травел дигест“ во најновиот број ја претставува Македонија и нејзините туристички потенцијали.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, на пет страници под наслов „Македонија – дива убавина која чека да ја откриете“ се претставени природните убавини и културно-историското наследство на нашата земја.

– Од малата, планинска земја се дојдени Александар Велики, просветителите Кирил и Методиј, а речиси 1.000 години подоцна и мајка Тереза. Откријте ја богатата историја, нескротливата природа и словенската гостопримливост на оваа земја порано од останатите, се вели во уводникот на обемната репортажа која ги претставува карактеристичните туристички дестинации како Охрид и Охридското езеро, Маврово и Скопје.

Се препорачуваат факултативни излети за разгледување на мегалитската опсерваторија Кокино и античкиот град Стоби, како и посета на манифестацијата „Крушево Етноград“  кога „оживуваат“ ликовите и настаните од Илинденското востание и Крушевската Република.

Можностите и потенцијалите на планинскиот и еколошкиот туризам во Република Македонија, за кој Чесите се многу заинтересирани во туристичкиот магазин се претставени преку селата Галичник, Лазарополе и Гари во чија близина е и манастирот Св. Јован Бигорски на планината Бистра.

Репортажата изобилува со фотографии од специјалитети од националната кујна и локалната гастрономија.

Би можело да ве интересира

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски