Македонија ќе користи италијанско искуство за развој на туризмот

Од:

Запознавање на бизнисмените од Италија со можностите за инвестирање во земјава и со потенцијалите за водење бизнис, како и пренесувањето на нивните искуства на македонските колеги беше целта на денешниот бизнис форум, организиран од Стопанската комора на Македонија во соработка со ХОТАМ и Стопанската комора на регионот Венето, Република Италија.

На форумот, што се одржа во рамките на Проектот RI.QUA. што го финансира италијанското Министерство за економски развој, учествуваа 12 италијански компании од областа на угостителството, производството на мебел, внатрешно уредување и опрема за професионални кујни и претставници на 35 македонски фирми.

– Целта на RI.QUA. Проектот е усогласување на техничките стандарди во угостителството и туризмот во безбедноста на храна и подготвката на здрава храна во хотелиреството, рестораните и кетерингот. Покрај во Македонија овој проект се релаизира и во Албанија и Црна Гора, рече Јелисавета Георгиева, извршениот директор на Стопанската комора на Македонија.

Италијанскиот амбасадор во Македонија Фабио Кристијани посочи дека помеѓу Македонија и Италија има огромни потенцијали за зголемување на стопанската соработка.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска