Македонија ќе бара дозвола за извоз на свинско месо во ЕУ

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство почна со спроведување на активности за добивање на дозвола за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар. Согласно Акциониот план на Агенцијата, предвидено е прекинување на превентивната вакцинација на свињите против болеста класична свинска чума, по што, ќе побара од Европската унија, Република Македонија да добие статус на слободна земја за извоз на свежо свинско месо и на европскиот пазар.

„Со добивањето на статусот слободна земја од оваа болест и можноста за извоз на свињи и свежо свинско месо на европскиот и на светскиот пазар, отворена е и можноста Република Македонија од земја увозник да прерасне во земја извозник на овој тип месо. Акцискиот план предвидува спроведување на повеќе активности, меѓу кои се зајакнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми, мониторинг на присуство на вирусот кај дивите свињи во Република Македонија, за што веќе се потпишани договори со ловните друштва, спроведување на мониторинг на кланиците при колење на свињите за утврдување на присуство на антитела на вирусот и подобрување на системот за идентификација и регистрација на свињите во земјава. Исклучително важна е и мерката која се однесува на прекин на превентивна вакцинација против класична свинска чума во Република Македонија“ истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

Финансиските трошоци за имплементација на биосигурносните мерки или нивното зајакнување на свињарските фарми, за производителите, Атанасов смета дека не би требало да бидат големи. Агенцијата спроведе пилот проект минатата година, објасни и додаде дека со него минатата година биле опфатени најголемите 12 фарми за свињи.

Бенефитот за фармерите, објасни Атанасов, од имплементирањето на биосигурносните мерки и нивното зајакнување ќе биде голем, како од аспект на подобрувањето на здравствената заштита на животните, а со тоа и намалување на трошоците за лекување на животните, но, најважно за нив ќе биде отворањето на новите пазари за извоз на свежо свинско месо и можноста за развој на гранката во целина. Тоа ќе овозможи подобрување на економската состојба и стандардот на самите фармери.

Атанасов истакна дека пред некој ден, Агенцијата добила известување од Светската организација за здравствена заштита на животните дека македонскиот план за справување со болеста Класична свинска чума ќе биде земен како урнек и ќе може врз основа на него и другите земји ширум светот да градат сопствени планови за итни мерки за справување со оваа болест.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он