Македонија и Србија потпишаа Меморандум за брза пруга: Возовите ќе возат со најмалку 160 км/ч

Од:

Инвестициите во инфраструктурата се влог во подобра иднина за граѓаните и за компаниите. Убеден сум дека со вакви политики ќе придонесеме за подобар животен стандард на граѓаните од двете држави, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска во Владата во Белград потпиша Меморандум за изградба на железничка мрежа со високи перформанси на Коридор 10 со министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија, Горан Весиќ.

За земјава тоа ќе значи преземање на обврски за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на железница со високи перформанси, и тоа во прва фаза на потегот од граничен премин Табановце до Скопје и изградба на нова железничка линија до Меѓународниот аеродром Скопје.

Согласно Меморандумот тоа подразбира изградба на пруга во должина од околу 50 километри со комерцијална брзина со најмалку 160 киломтери на час за патнички возови, односно прилагодување на брзината според локалните услови на трасата.

– Земаме обврска за овие проекти да обезбедиме средства од меѓународните финансиски институции за час поскоро да започнеме со реализација на оваа регионална иницијатива. Со министерот Весиќ во рок од две недели ќе формираме работна група и таа работна група ќе почне да работи на акционен план со динамика за реализација на овој проект. Коридорот 10 за регионот е најзначајниот европски коридор кој не поврзува со Средна Европа и мораме да ги користиме потенцијалите и придобивките, а инвестициите не само што се потребни, туку се и неопходни за да останиме конкуретни на останатите рути во железничкиот и во товарниот транспорт, изјави министерот Бочварски по потпишувањето на меморандумот во просториите на Владата во Белград.

Нагласи дека сега почнуваме со проектирање на нова делница на пруга со високи перформанси и додаде дека е реткост две соседни земји во исто време да имаат исти приоритети и иста желба и подготвеност да реализираат голем инфраструктурен проект.

Посочи дека Владата веќе го одобри Законот за заем за изградба на заедничка железничка гранична точка во Табановце која ќе биде од македонска страна со што се влегува во постапка за изградба на заедничкиот железнички граничен премин со Србија.

Порача дека во овој момент се работи на изградба на пругата на источниот дел на Коридор 8 кон Република Бугарија, инвестиција вредна повеќе од 200 милиони евра, а веќе е завршена реконструкцијата на јужниот дел од Коридорот 10 во должина од 30 километри.

Би можело да ве интересира

Брза пруга од Будимпешта до Атина-уште да се реши Македонија

Предраг Петровиќ

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

Орце Костов

Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка за брза пруга од Ниш до Скопје

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

Орце Костов

Весиќ: Со брза пруга од Белград до Будимпешта за три часа, со Македонија заедно ќе се гради Скопје-Ниш

Вучиќ: Во наредните два месеци потпишување на договор за брзата пруга Белград-Прешево

Предраг Петровиќ