Македонија и Албанија ќе потпишат договор за признавање на возачките дозволи

Од:

Република Македонија и Република Албанија ќе потпишат договор за признавање на возачките дозволи во случај на престој на граѓаните од една во друга држава.

Меѓудржавниот договор ќе биде потпишан за време на посетата на премиерот Никола Груевски на Албанија планирана за петок.

– Ова значи дека по потпишувањето на меѓудржавниот договор, во идниот период македонските граѓани кои престојуваат во Република Албанија нема да имаат обврска за полагање возачка дозвола во Албанија, туку ќе се смета за важност полагањето за македонска возачка дозвола. Истото ќе важи и за граѓаните на Република Албанија, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

За време на посетата, како што информираше Ѓорѓиев, ќе биде потпишан и договор за отворање заеднички граничен премин Џепчиште – Требиште со што ќе се овозможи полесна циркулација на граѓаните од двете страни на границата.

Планирано е за време на посетата премиерот Груевски да се сретне со неговиот албански колега Сали Бериша.

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик