Мајкл Нунан: Ирска ќе загуби 40 илјади работни места поради Брегзит

Од:

Ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан изјави дека Република Ирска ќе претрпи штета од британското напуштање на ЕУ, затоа што домашната економија ке загуби околу 40 илјади работни места.

Министерот Нунан во разговор за британската телевизија Скај , предупреди на „бројните тешкотии“ што ќе настанат со оваа операција, а посебно тешко ќе биде кога ќе дојде време да се преговара за пост-Брегзит договорот за трговија со Велика Британија.

-Сигурно е само дека тие преговори со Британците ќе бидат долги и тешки, рече Нунан за Скај.

Изјавата на ирскиот министер доаѓа по излагањето на британскиот премиер Тереза Меј на економскиот форум во Давос, во кој таа рече дека веќе разговарала со политичките лидери од многу земји околу договорите за трговија што ќе ги прави Велика Британија по Брегзит.

Според ирските медиуми, станува збор за Австралија, Нов Зеланд и Индија, кои се членки на Комонвелтот, како и Кина, Бразил и земјите од Персискиот Залив.

Австралискиот министер за финансии Матијас Кроман, претходно, потврди дека имало „прелиминарни разговори“ додека новозеланскиот премиер Бил Инглиш смета оти трговските разговори може да почнат „што е можно побрзо“ но Велика Британија не може да преговара со никого и да прави договори за трговија, се додека целосно не излезе од ЕУ.

Тоа би можело да се случи по постигнување на договорот за раздружување меѓу Брисел и Лондон, што би требало да произлезе од преговорите за Брегзит, што треба да почнат на почетокот од април и да траат најмалку две години.

Би можело да ве интересира

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Ирска го казни Инстаграм со рекордни 405 милиони евра заради детски податоци

Ирска го одби договорот за минимален глобален данок од 15 отсто

Ана Ололовска

Гувернер на француска Централна банка: Брегзит досега префрли 2.500 финансиски работни места во Франција

Ана Ололовска

ЕУ и Велика Бртанија ќе го потпишат Договорот за трговија

Ана Ололовска