В.Д. директорката на УЈП Сања Лукаревска, најави голема даночна реформа во повеќе сектори. Целта на реформите е поедноставување на процедурите за плаќањето и пријавувањето на персоналниот данок на доход за граѓаните и фирмите.
Лукаревска информираше дека фирми прикривале даноци со издавање т.н. компјутерски сметки односно сметки кои се печатат од обичен нефискален принтер. Ова значи дека фирмите имаат паралелен систем кој не е поврзан со системот на УЈП. Управата повела истраги за тие фирми.
Исто така, Лукаревска рече дека има кадровски промени во УЈП, но за драстични кадровски промени им се врзани рацете. Новата в.д. директорка најави и дека се во тек анализи за повратот на 15% ДДВ.
Виктор Јованов