Луфтханза и Гугл клауд склучија стратешко партнерство

Од:

Луфтханза и Гугл клауд денеска соопштија дека потпишале договор за стратешко партнерство.

Тоа на германската авиокомпанија би требало да и овозможи да го следи нарушувањето на летовите и да и даде подобар увид во проблемите на линиите за авиосообраќај на компанијата.

Соработката ќе резултира со изградба на нова платформа која ќе комбинира податоци за одржување и ротации на авионите, како и задолженијата на екипажите со информациите за патниците и можни проблеми, вклучувајќи и временски услови, за да може Луфтханза на најдобар начин да реагира во случај на одложување на летови.

– Преку ваквата соработка имаме значајна прилика да направиме револуција во идното работење на авиопревозниците. Со спојување на најдоброто од она што можат да го понудат Луфтханза и Гугл клауд ги решаваме најголемите предизвици на авиокомпанијата, што позитивно ќе влијае на искуството на повеќе од 145 милиони патници колку што таа превезува годишно, изјави Томас Куријан, извршен директор на Гугл клауд.

Би можело да ве интересира

Договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана

„Луфтханза“ ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023

Еуровингс откажа околу 300 летови, пилотите штрајкуваат

Горан Наумовски

Германската држава ги продаде акциите во авиокомпанијата „Луфтханза“

А1он

Откажани над 1.000 летови на „Луфтханза“ поради штрајк на персоналот

Штрајк во Луфтханза, откажани повеќе од 1000 летови