„Луфтханза“ го откажува секој втор лет, поради штрајкот погодени 90 илјади патници

Од:

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ утре ќе го откаже секој втор лет поради најавените штрајкови на вработените кои ќе погодат четири германски аеродроми.

На штрајк повика германскиот синдикат Верди, и тоа на аеродромот во Франкфурт кој е најголем аеродром во Германија, потоа во Минхен, Келн и Бремен.

Штрајкот ќе погоди повеќе од 800 летови, односно 90.000 патници, наведува компанијата.

Синдикатот бара зголемување на платите за 6 отсто или најмалку 200 евра за околу 2,3 милиони вработени во јавните служби на компанијата.

Би можело да ве интересира

Договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана

„Луфтханза“ ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023

Еуровингс откажа околу 300 летови, пилотите штрајкуваат

Горан Наумовски

Штрајк во Луфтханза, откажани повеќе од 1000 летови

Луфтханза ќе изврши докапитализација за да врати дел од државната помош

Ана Ололовска

Германскиот воздухопловен џин „Луфтханза“ пак се задолжи милијарда евра

Жарко Настоски