ЛП: Со интервенционизам не се брани ценовната конкурентност на македонската пченица

Од:

Либералната партија на Македонија (ЛП) смета дека ценовната конкуренстност на македонската пченица не треба да се брани со интервенционизам.

– Либералната партија со загриженост ги следи последните измени за откупот на пченица и пченично брашно. За жал, овие измени во политиките на откуп, претставуваат директно прекршување на одредбите од ЦЕФТА договорот и негативно ќе влијаат на нашите извозни потенцијали, особено на виното, рече Горан Николовски, член на Извршниот комитет на ЛП на денешната прес-конференција.

Додаде дека се свсни за проблемот со откуп на домашната пченица, но додаде дека нејзината ценовна конкурентност не се брани со интервенционизам.

– ЛП навремено алармира дека на 22 јули во Белград ќе се одржи состанок на Комитетот на ЦЕФТА за одлуката на македонската Влада за откупот на пченица од годинешната реколта. Впрочем состанокот на Комитетот е свикан на барање на Србија во скратен временски рок.  Затоа ЛП ја повикува Владата на РМ да подготви сериозно образложение за најновата мерка на т.н. врзан откуп на пченица и пченично брашно, на состанокот на Комитетот на ЦЕФТА, бидејќи негативната одлука на Комитетот силно ќе влијае на македонското земјоделство, но и на цената на храната во Македонија, потенцира Николовски.

Би можело да ве интересира

Како помош за африканските земји, Русија испорача 200.000 тони пченица

Близу Вуковар: Двајца крадци украле дури 35 тони пченица

Ѓорѓиевски: Да им се помогне на земјоделците за пченицата, производната цена е двојно повисока од пазарната

Николовски: Во вторник Владата ќе расправа за постапката за набавка на пченица за стоковите резерви

МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз

Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви, обвинуваат фармерите

Орце Костов