Лозарите со протести ги бараат откупните цени препорачани од министерството

Од:

Лозарите протестираа пред винарската визба Тиквеш од Кавадарци, организирани од регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија. Тие рекоа дека е ова само предупредување доколку продолжи „апашката политика“ на Тиквеш.

Претседателот на сојузот, Љупчо Аризанов рече дека поводот за протестот била откупната политика на Тиквеш со која „бил пљачкосуван народот“.

„Еве една откупна белешка на која за 22 шеќерни единици вранец лозарот ќе добие 8 денари, а Министерството за земјоделство препорача вранецот да не биде под 12 денари. Сметам дека оваа политика, која моментално ја води Тиквеш е погубна“, рече Аризанов.

Лозарите се заканија со штрајкови и блокади за брзо време доколку не се почитуваат договорените цени, а се заканија и дека нема да дозволат зрно грозје да влезе во Тиквеш.

Би можело да ве интересира

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Протест кај село Врбјани, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево

Катерина Ѓуровски

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

Протести и контрапротести во Њујорк

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он