Лондон го престигнува Њујорк според брзината на економски раст

Од:

Лондон во следните 15 години бележи побрз економски раст отколку Њујорк, имајќи предвид дека британската престолнина ќе оствари повеќе корист од зајакнувањето на глобалната економија, покажа извештајот на оксфордската консултанска куќа, Оксфорд економикс.

Стопансвото на Лондон ќе расте во просек за 2,9 отсто годишно од 2015 до 2030 година, а стопанството на Њујорк за 2,6 проценти, наведува Оксфорд економикс.

– Прогнозата на глобалниот стопански раст му дава на Лондон шанса да оствари значителна корист на повеќе полиња, смета претседателот на секторот за глобални истражувања во Оксфорд економикс, Ричад Холт.

Единствен европски град, кој покрај Лондон, се најде меѓу водечките десет градови во однос на развојот во светот е Париз, кој во периодот 2015-2030 ќе забалежува раст во просек од 1,7 отсто годишно.

Прв на листата е Шангај, за кој се прогнозира економски раст од 5,2 проценти.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он