Лидерите на Сириза го отфрлаат предлог-договорот на кредиторите

Од:

Членови на раководството на грчката владејачка Коалиција на радикланата левица (Сириза) тврдат дека нема да го прифатат договорот што го предложиле кредиторите на Грција на состанокот на грчкиот премиер Алекис Ципрас со лидерите на ЕУ.

Ципрас синоќа во Брисел имаше средба со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, посветена на можностите за постигнување компромис во спорот за долгот на Атина.

– Дискусиите ќе продолжат во следните денови. Колку повеќе разговараме, толку повеќе се доближуваме кон решение, изјави Ципрас по средбата.

По состанокот, кој траел речиси пет и пол часа, дипломатски извори соопштија дека биле постигнати први доближувања на позициите.

Меѓутоа, секретарот на Сириза, Тасос Коронакис денеска изјави дека предлозите на кредиторите „не можат да бидат основа за договор“.

Во услови на разногласија околку договорот со кредиторите, индексот на вредноста на акциите на Атинската берза претпладнево забележа драстичен пад, додека обемот на трговија со хартиите од вредност се намали за 2,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент