Либија најави драстично намалување на производството на нафта

Од:

Либиската национална нафтена корпорација (НОЦ) денеска соопшти дека за неколку дена ќе го намали производството на нафта на 72.000 барели дневно доколку продолжи воената блокада на нафтената инфраструктура во Либија.

Генерал Калифа Хафтар пред неколку дена повика на блокада на нафтените терминали во знак на протест поради интервенцијата на Турција, која ја признава меѓународно признаената Влада во Триполи.

Според НОЦ, пред да биде затворен нафтоводот и големите нафтени пристаништа во источниот дел на земјата изнесуваше 1,2 милиони барели.

Поради блокадата нафтените полиња во југозападниот дел на Либија ќе бидат принудени да го стопираат производството.

Намаленото производство на нафта во Либија ќе доведе до зголемување на цената на нафтата.

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

Либиски новинар осуден на 15 години затвор

Предраг Петровиќ

Големи загуби во производството на либиската нафтена корпорација

А1он

Прекинот во извозот на нафта Либија досега ја чини 1,3 милијарда долари

Ана Ололовска

ЕУ бара итни реформи од новата либанска Влада

Цената на Арапската пролет изнесува 614 милијарди неостварен раст

Ана Ололовска