Левица апелира за обид на ДПМНЕ да создаде „синдикат по мерка на власта“, организација која не е плод на вистинска работничка борба туку проект со политичка агенда, чија единствена цел е да го искриви синдикалното движење во служба на моќта и да го амортизира револтот од неспособното владеење на Владата!
Соочена со растечката критика заради неисполнетите ветувања, игнорирањето на барањата за повисока минимална плата и, генерално, негрижата кон работничката класа, со цел да ги релативизира во целост разумните барања, на претставничките синдикати – ДПМНЕ, преку својот одамна познат модел на владеење, уцена, притисок, контролирани структури, активира операција за создавање синдикална параструктура.
Под директива од „Белата палата“, активно се работи на поткопување на синдикалната борба преку инсталирање на „удобен партнер“ – синдикат по мерка на власта, како КСС (синдикат кој нема да се спротивстави, туку ќе биде продолжена рака на владејачкото мнозинство).
Откако владејачкото мнозинство ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, за година време како е на власт, ги одби сите конструктивни законски решенија понудени од страна на Левица, а со цел подобрување на работничките права, патни трошоци за работниците, зголемување на периодот на породилното отсуство, навремена исплата на платата до петти во месецот, сега, соочено со неможност да ја сокрие својата наклонетост кон олигархијата, наместо да понуди подобрување, создава лажни синдикати како инструмент на политичка контрола.
Работничката борба не е и не смее да биде марионета на власта! Па оттука, јавно го прашуваме ДПМНЕ, дали е точно дека по наредба на „Белата палата“, јавните претпријатија и акционерските друштва во наредниот период треба да формираат синдикални здруженија кои треба да бидат под капата на КСС, синдикат близок до нив?
Дали ова значи дека Владата признава дека нема капацитет да се соочи со реалните работнички проблеми и избира политички инженеринг наместо решенија?
Потсетуваме дека КСС е единствен синдикат кој јавно се откажа и не се приклучи на првомајските протести, денот на трудот и отпорот – со што, отворено се дистанцираше од борбата за работнички права и ги потврди своите врски со власта.
И, прашуваме дали Владата сака вистински дијалог со работниците или им треба синдикат кој ќе молчи во нивно име? Доколку одговорот е второто – молк и послушност – тогаш јасно е дека Владата не се грижи за достоинството на работникот, ниту пак ѝ се потребни вистински синдикати, туку само фигуранти кои ќе служат како декор за нејзините неуспеси.
Во период кога владејачката олигархија избегнува да се соочи со реалните проблеми – ниски плати, лоши услови за работа, несигурност и непочитување на работничкото достоинство и избира да манипулира, да симулира дијалог и да контролира, Левица апелира ДПМНЕ да се оттргне од режимските методи на владеење и да престане со манипулации.
Упатуваме повик до сите искрени синдикалци, работници и граѓани да не потклекнуваат на таквиот притисок. Работниците не може и не смеат да бидат замолчени, реагираат од Левица.