Летонија инвестира милијарда евра во ветерници

Од:

Летонија планира да инвестира околу милијарда евра за изградба на ветерни електрани за да го зголеми производството на енергија од обновливи извори и да ја зајакне енергетската безбедност, изјави денеска премиерот Крисјанис Каринс.

– Ова е среднорочно решение што ќе ни дозволи да станеме целосно независни во нашето снабдување со енергија и да користиме помалку фосилни ресурси, додаде Каринс.

Тој ова го опиша како една од најголемите инвестиции некогаш преземени во малата балтичка земја што граничи со Русија.

Според премиерот, откако ќе се спроведе проектот, Летонија може да се префрли од увозник на електрична енергија од места како Русија, на извозник.

Министерката за економија Илзе Индриксоне појасни дека планираните ветерници ќе имаат капацитет од 800 мегавати. Како што таа истакна, ова може да произведе 2,4 терават часови електрична енергија годишно, што е еквивалент на околу 30 отсто од вкупната потрошувачка на електрична енергија во Летонија во 2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Летонија го одобри зачленувањето на Северна Македонија во НАТО

Министерот Саљији во работна посета на Летонија

Наум Локоски

Џафери: Потребно е меѓународно споделување информации против заканите во кибер-просторот

Наум Локоски

Џафери утре на Парламентарен безбедносен форум во Рига

Наум Локоски

Илвес и Берзинс со сладолед го прославија влезот на Летонија во еврозоната

Ана Ололовска