Легализација на дивоградби со плаќање казна, за инфраструктурните 10 евра по метар квадратен

Од:

За легализација на дивоградби изградени заклучно со 1 октомври годинава според Предлог законот што го утврди Владата ќе се плаќаат 100 проценти комуналии за објектот, како и казна во износ од 50 проценти од комуналиите, додека за бесправните електронски комуникациски мрежи надоместот ќе изнесува 10 евра по метар квадратен од изградена површина.

Ќе се легализираат дивоградби од значење за Републиката и од локално значење кои се предвидени со Законот за градење или друг закон, а кои претставуваат градежна и функционална целина заклучно со 1 октомври годинава.

Со законот ќе бидат опфатени бесправните објекти од јавен интерес утврден со закон чии иматели се државни органи или единици на локална самоуправа.

Предлог законот не ги опфаќа сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на Конвенцијата на УНЕСКО, во границите утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион како и станбените згради и нивните доградби и надградби.

За оние кои поднеле барање според стариот закон ќе важат одредбите според кои за легализација се плаќа по евро за метар квадратен.

Со актуелниот Закон за легализација на дивоградби беа поднесени над 430 илјади барања за легализација, а во рокот што се продолжуваше во два наврата имаа право да аплицираат сопствениците на дивоградби изградени до 3 март 2011 година. Податоците на Катастарот покажуваат дека досега се спроведени решенија за легализација на 245.544 објекти.

Новиот закон ќе треба да поттикне утврдување правен статус на инфраструктурните објекти, од кои, според Катастарот, се легализирани мал процент. Носители на инфраструктурни објекти се електроенергетските и компаниите за телекомуникациски услуги и други професионални компании кои имаат сопствена инфраструктура, како и водоводната и канализациската мрежа под надлежност на комуналните претпријатија во сопственост на општините.

Катастарот на инфраструктурни градби или попознат како подземен катастар, стартуваше во април 2014 година. Со него се овозможува прегледност на податоците за инфраструктурните објекти, планирање на просторот за инфраструктура и идни инвестиции во инфраструктурата, се уредуваат односите помеѓу сопствениците на земјиштето, се олеснува постапката за добивање одобрение за градба..

Би можело да ве интересира

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

A1on

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

A1on

Општина Велес нема да ги урива дивоградбите на Бабуна, ќе спречува да никнуваат нови

A1on

Бочварски очекува до крајот на годинава да биде готово предлог решението за новиот закон за градење

Ана Ололовска

Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, Министерството ќе ги разгледува забелешките

Ана Ололовска