Лебот, маслото и млекото ќе поевтинат за 10 отсто, компаниите производители ќе плаќаат дупло поевтина струја од сегашната

Од:

Компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти ќе плаќаат двојно пониска цена за струја од сегашната, а тоа треба да ги намали цените на крајните производи. Министерот за економија Крешник Бектеши денес извести дека Владата ќе ги поддржи компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, леб и мелнички производи, а дополнително на листата поддржани компании може да бидат додадени и компаниите кои преработуваат месо.

„Ги подготвивме сите мерки за да им излеземе во пресрет на компаниите кои ги произведуваат основните производи. Денес ги презентирав пред стопанските комори за да имаат предвидливост и на тој начин да влијаеме на финалните цени на производите кои се произведуваат и се продаваат од компаниите. Од страна на Владата ќе бидат поддржани сите компании со шифри на дејност 10.41-производство на масла и масти, 10.51-преработка на млеко и млечни производи, 10.61-производство на мелнички производи, 10,71 –производство на леб, слатки во свежа состојба, бисквити и слично. Излезе еден предлог за преработувачите на месо и месни производи и тие да бидат вклучени и најверојатно ќе бидат додадени, при крај е анализата за финансиските апликации, до утре треба да се донесе одлуката од страна на Владата“, рече министерот Бектеши.

Точната цена по која ќе ја плаќаат струјата што ја користат во производниот процес се уште не утврдено, но очекувањата се дека ќе биде двојно пониска од сегашната.

„Знам дека од интерес е цената на струјата со која ЕСМ ќе ги снабдува, во тек се разговори со Министерството за финансии, просторот финансиски што го имаме, тоа ќе биде најверојатно под сто евра за мегават час, значи дупло пониска од тоа што е моментално на регулираниот пазар, а речиси тројно или повеќе од тоа што е на отворен пазар. Со та секако дека ќе се намалат оперативните трошоци на компаниите до крајот на април и на тој начин ќе може да направат дополнителни калкулации во делот на одредување на цената“, објасни министерот Бектеши.

Намалувањето на цената на струјата ќе овозможи намалување на цените на производите за десет отсто. Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, вели дека намалувањето на цените на производите може да се очекува за околу еден месец.

„Прво по оваа мерка ќе следи стабилизација на пазарот. Таа стабилизација се надевам дека ќе трае околу месец дена каде што ќе се види конкурентски како тоа ќе делува на производителите и конечно може да се утврди некој процент од десетина проценти каде би се спуштила цената на основните производи, ако зборуваме конкретно кај нас во пекарската индустрија. Потребен е сублимат од повеќе чекори, затоа сметам дека ова е многу важен исчекор на државата и Министерството за економија кој што ќе придонесе да се намалат цените. Бројките со кои што ќе се намали се тие, за понатака да се оди подлабоко, односно поголемо намалување потребно е да се направат и други чекори во иднина“, рече Ѓорѓиевски.

Министерот Бектеши очекува цените на основните прехранбени производи да се намалат, но доколку утврдат дека оваа мерка за помош од Владата се злоупотребува вели дека во секое време можат да ги замрзнат цените на основните производи.

Би можело да ве интересира

Бектеши: Доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените

Горан Наумовски

Видео: Млаки радијатори, се штеди ли на греење, ќе поскапи ли парното?

Анита Петровска Рајковиќ

Бектеши: Маржата за трговија со струја ограничена на 10 отсто

Бектеши на Првиот Балкански форум: Имаме шанса со заедничка соработка да ја смениме економската иднина на регионот