Лагард сослушана пред судот за случајот Бернард Тапи

Од:

Поранешната француска министерка за финансии и актуелна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард денеска е сослушана во судот во Париз каде ја бранеше својата одлука од 2007 да употреби приватна и скапа арбитража за решение за спорот со Бернард Тапи околу продажбата на „Адидас“.

Сведочењето на Лагард пред Судот на правдата може да трае до утре бидејќи таа се соочува со можно покренување обвинение за „соучество во фалсификување и проневера на јавни фондови“, пишува француски „Експрес“.

Таа е обвинета дека имала финансиска корист од исплатата, а самата Лагард демантираше дека направила „нешто лошо во иницирање на арбитражната постапка за обештетување на Тапи“.

Тапи ја тужеше француската банка „Кредит Лионес“ делумно во државна сопственост бидејќи во 1993 и 1994 година без негово знаење, фирмата „Адидас“ е продадена на Роберт Лој-Драјфус.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ