Лагард: Потребна е итна акција против должничката криза во Европа

Од:

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, побара итна акција за решавање на должничката криза во Европа, но и за решавање на претстојната фискална криза во САД.

Лагард предупреди дека светската економија е во многу полоша ссотојба и од она што го предвидуваа песимистичките прогнози. Таа ги поздрави неодамнешната одлука на Европската централна банка и на владите на земјите на Европската унија, но рече дека „мора повеќе и побрзо да се направи“.

– Не очекуваме брзо закрепнување. Тоа продолжува, но многу побавно отколку што се очекуваше – рече Кристин Лагард.

Шефицата на ММФ укажа и на фактот дека ваквата состојба се одразува и на забавувањето на економиите во развој, особено оние во Азија.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ