Лагард: ММФ отворен за измена на програмата за помош на Ирска

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) отворен е за измена на програмата за помош за Ирска, за да може таа презадолжена земја-членка на евро зоната да може да се врати на пазарот на долгорочни обврзници, изјави денеска директорката на ММФ, Кристин Лагард.

Таа во Даблин истакна дека ММФ е отворен за прашањата за условите и роковите за отплата на заемот.

Министрите за финансии на Европската унија минатата недела побараа од тројката кредитори (ММФ, ЕУ и Европската централна банка) да донесат одлука за продолжување на роковите за отплата  на заемите одобрени на Ирска и на Португалија.

– Ние ќе ги разгледаме предлозите заедно со партнерите (ЕУ и ЕЦБ), а можам да кажам дека е императив да и се помогне на Ирска, истакна Лагард.

Ирска се надева дека ќе стане прва земја на евро зоната која ја завршила програмата за помош и во целост се врати на пазарот на обврзници. Даблин кон крајот на 2010 година, во време на глобалната финансиска криза, прими пакет помош, откако големите државни долгови ја доведоа економијата до работ на колапсот.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ