Лагард: Кредиторите на Грција покажаа значајна флексибилност

Од:

Меѓународните кредитори на Грција (ММФ,ЕУ,ЕЦБ) покажаа значителна флексибилност во синоќа претставените предлози со цел да се дојде до деблокирање на преговорите, изјави извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард, цитирана од француските медиуми.

Лагард изрази увереност дека Грција нема да прогласи инсолвентност за својот долг кон ММФ и, како што е предвидено, до утре вечер ќе го изврши првото плаќање во вредност од околу 300 милиони евра.

Директорката на Фондот, цитирана од ТАСС, ја поздрави вчерашната конструктивна средба на грчките власти со претставниците на раководството на ЕУ.

Според неа, новиот предлог е многу пофлексибилен и ги покажува социјално-економските услови во Грција.

Би можело да ве интересира

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Горан Наумовски

Кристин Лагард: ЕУ треба да биде подготвена за тарифна уцена во ерата на Трамп

Лагард: Инфлацијата во Европа сè уште не го достигнала максимумот

Лагард: Послабата куповна моќ на граѓаните може да ја забави инфлацијата во еврозоната

А1он

Лагард: Геополитичките тензии влијаат на перспективите на еврозоната

А1он

Лагард: Биткоинот треба да се регулира на глобално ниво

Жарко Настоски