Квадрат во Париз чини 8.410 евра

Од:

Просечна цена на квадратен метар на стан во Париз достигна до 8.410 евра во јули.

Рекордот би можел да биде соборен во претстоечките месеци со 8.580, по што се очекува стабилизација на пазарот.

Зголемувањето на цената на недвижнините во Париз од 2.1% е пропратено со парадоксално намалување на продажбата и тоа од 20% во однос на јули претходната година.

Но, Париз, според оценките на стручните лица и понатаму останува ексклузивна локација, затоа што најбогатите и понатаму вложуваат во купување на луксузни недвижнини.

Бројот на одобрени кредити за стан, стагнира со тенденција за пад во септември, приближувајќи се до рекордно лошото ниво од ноември 2010-та година.

Владата на актуелниот претседател Франсоа Оланд е загрижена поради моменталната лоша ситуација на пазарот за недвижнини и се обидува да ја подобри постоечката состојба, поддржувајќи ја програмата за изградба на социјални станови, нудејќи ниски цени за државното земјиште за градба.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна