Кувајтскиот експерт Хајтам ал-Гаис е нов генерален секретар на ОПЕК

Од:

Кувајтскиот експерт за нафтениот пазар Хајтам ал-Гаис во август ќе ја преземе функцијата генерален секретар на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), објави вчера моќниот нафтен картел.

Ал-Гаис летово ќе го наследи Нигериецот, Мохамед Сануси Баркинд, кој на чело на ОПЕК е од 2016 година и се повлекува по два мандати.

Наследството на Баркинд е соработката на ОПЕК со големите независни производители на нафта, како што е Русија, во рамките на групацијата која моментално произведува 45 отсто од светската сурова нафта.

ОПЕК соопшти дека напорите на Баркинд помогнале да се стабилизира светскиот пазар на нафта по невиден економски пад предизвикан од пандемијата на коронавирусот и дека е направено многу за да се активира закрепнувањето на нафтената индустрија.

Ал-Гаис во моментов е заменик генерален директор за меѓународна продажба во Kuwait Petroleum Corporation (KPC), каде што работи неколку години, се наведува во соопштението на ОПЕК. Тој до летото минатата година беше член и на експертскиот комитет на ОПЕК.

Мандатот на генералниот секретар на ОПЕК е три години.

Би можело да ве интересира

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

Зголемени цените на нафтата поради можно намалување на производството од ОПЕК

Ана Ололовска

ОПЕК плус го зголемува производството на нафта за само 100.000 барели дневно

Земјите од групата „ОПЕК плус“ се согласија да го зголемат производството на нафта повеќе од очекуваното

Катерина Ѓуровски

ОПЕК го потврди скромното зголемување на понудата со нафта и во февруари

Ана Ололовска

Членките и сојузниците на ОПЕК ќе го зголемат производството на нафта од февруари

А1он