Кутев: Бугарија не преговара со Газпром

Од:

Антон Кутев, портпарол на службената влада на Бугарија, за БТВ изјави дека во оваа фаза очигледно не се водат официјални разговори меѓу Газпром и Булгаргаз.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Кутев, одговорот дали има преговори треба да го даде државната гасна компанија „Булгаргаз“ и рече дека не знае дали почнале преговорите меѓу Бугарија и руската гасна компанија, не исклучувајќи ја можноста да има некакви првични етапи.

– Уште не седнале на иста маса или барем јас не знам за таква можност, категоричен беше Кутев.

Тој рече дека не мисли оти опциите се исцрпени. Разговорите може да се случат и да доведат до позитивен исход. Очигледно е дека овие разговори не се почнати, рече уште Кутев. Разговорите со Русија не се по секоја цена, изјави портпаролот на службената влада на Бугарија и додаде дека, според него, Русија не го прекинала гасот за Бугарија, туку Софија одбила да ги исполни условите на Москва.

– Половина од земјите во Европа ги исполнуваат овие услови и немаат проблем со снабдувањето со гас, додаде тој.

Во однос на она што го кажа претседателот на Бугарија Румен Радев дека цената на бензините на бензинските пумпи на Лукоил паднала под 3 лева (1,5 евра), поранешниот вицепремиер и министер за економија Асен Василев коментираше дека тоа не се случило поради работата на службената влада, туку поради падот на цената на нафтата на светските берзи на нивоа од пред руската инвазија врз Украина. Тој рече дека ако не се откријат нафтени бунари во Бугарија, не гледа како ќе го направат бензинот 2,70 лева (1,35 евра) и го отфрли обвинувањето од партијата на Бојко Борисов – ГЕРБ, дека во времето на редовната влада се крадело по еден лев (половина евро) од цената на литар бензин и даде примери од Италија, Унгарија и Хрватска.

Василев ги коментираше и испораките на гас од САД за Бугарија, обвинувајќи дека службената влада се откажала од договорените испораки на гас без да има алтернатива.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

A1on

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

A1on

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он