Русија престана да испраќа гас во Италија

Од:

Русија престана да испорачува гас за Италија, соопшти италијанската енергетска компанија Ени. Руската компанија Гаспром ја информираше Ени дека повеќе не може да испорачува гас преку Австрија. Рускиот гас вообичаено пристигнува и се дистрибуира од италијанско-австрискиот пограничен град Тарвиси.

Портпаролот на Ени за новинската агенција АНСА изјави дека Гаспром објавил дека повеќе не може да испорачува гас на Австрија. Сепак, според информациите на Ени, Австрија продолжува да добива руски гас, додаде портпаролот.

До избувнувањето на војната во Украина, Италија добиваше околу 40 отсто од гасот од Русија. После тоа, владата во Рим и Ени, делумно државна компанија, склучија договори со неколку други земји, како што е Алжир, за намалување на зависноста од Москва.

Во последните месеци Италија добиваше само околу 25 отсто од гасот од Русија. Во последните неколку дена доста опаднаа испорачаните количини.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски