Кулата на Водно најголема расходна ставка во буџетот на АЕК

Од:

Капиталните средства со над 156 милиони денари се најголема расходна ставка во буџетот на Агенцијата за електронски комуникации за 2018 година, од кои над 97 проценти се предвидени за изградба на антенскиот систем за контрола и мониторинг на Водно, покажува петтиот мониторинг извештај за работата на АЕК.

Вкупните приходи во годишниот финансиски план за 2018 година на АЕК изнесува 475.555.000 денари и е за 12 проценти помалку од 2017 година. Најголем дел од средствата или 78 проценти ќе се инкасираат преку надоместоци за користење радиофреквенции.

На презентацијата на извештајот, Горан Лазаров од ЕВРОТИНК, рече дека Владата веќе побарала да се направи детална анализа за оправданоста за градењето на овој антенски проект.

– Втората најголема ставка во буџетот се платите. Тука има зголемување од пет милиони денари во поглед на минатата година. По тоа што јас го имам како информација, бројот на вработени е некаде ист како и минатата година. Во буџетот годинава за ставката помош и донации не се предвидени средства, рече Лазаров.

Во однос на донацијата на АЕК за панорамското тркало, според Лазаров добиле информација дека од октомври до февруари на три пати АЕК барале финансиски извештаи од ЈСП за тоа до каде се активностите и како се трошат средствата.

– За првите два пати имаат добиено одговор, кој гласи дека дел од средствата се потрошени, меѓутоа не се целосно потрошени. Тие се префрлени на одредена банкарска сметка и ќе се трошат единствено само за таа намена, изјави Лазаров.

Посочи дека немаат информација што ќе се случува со тој остаток на средства, бидејќи има информации за запирање на проектот.

Извештајот се однесува на последниот квартал годинава од октомври до декември 2017 година, и е изработен од Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Би можело да ве интересира

Групацијата 4iG го поздравува започнувањето на јавните консултации на АЕК за нов мобилен оператор

A1on

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г

А1он

АЕК објави студија за влијанието на зрачењето од телекомуникациските уреди и технологии

Ана Ололовска

Преку мобилен, интернет користат 1 398 860 претплатници

Ана Ололовска