Кучи: Разговорите со Субрата Рој како парада

Од:

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи, во интервју на Радио Слободна Европа, посочува дека ако не е од нашиот регион, ако не ги знае нашите околности или не го познава нашиот менталитет, со овие информации коишто тој ги има, тешко би се одлучил да инвестира во нашата земја.

Затоа, вели, ние треба да се фокусираме на нашите печалбари надвор и на нашето опкружување.

Индискиот бизнисмен Субрата Рој, вели, е примен со доста скепса, со доста голем број на проблеми, со некоја неблагодарна помпезност на некој начин, така што додека се случи таа инвестиција, посочува Кучи, најверојатно ќе значи нешто за нашиот предел, затоа што ќе даде некоја друга димензија која можеби не се совпаѓа со онаа традиционалната што ја има Охрид, но сепак ќе значи нови пари, нови инвестиции што ќе значат нешто за земјава, доколку се реални.

„Но со оглед на тоа колку многу се преговара и се разговара за истото, повеќе личи на некој вид на парада, отколку на реално нешто што се очекува да се случи.

– Меѓу редови ги читавме и неговите изјави во кои кажува дека многу нè сака и ние го сакаме како што го сакаме целото човештво, ние дури и повеќе од тоа, му нудиме можност тоа да го искаже, но реално можеби треба да се зборува на помали димензии, на поскромни инвестиции, но реални, кои ќе се остварат многу лесно и многу бргу, затоа што на земјата навистина ѝ треба нешто што е од вчера, а не од задутре“, вели Кучи.

Според него само капиталните инвестиции се тие коишто би овозможувале многу побргу и многу подобро да ги придвижат работите кон подобро, но, вели, за жал гледаме дека само се останува на ниво на проекти, на ниво на физибилити студии, никако да се преземе конкретен чекор, нешто што е барано од сите релевантни фактори и од страна на реалните инвеститори и од страна на меѓународните организации. Значи во тој дел нашата земја заостанува.

Првата жртва на политизацијата е стопанството.

„Во секое поле на животот се кочи. Ние имаме примери од самите компании. Секоја компанија има некоја припадност кон некоја политичка опција и ние гледаме дека има компании што можеби ја помагале актуелната власт и коишто не се задоволни од таа политика, но тоа не го кажуваат веројатно јавно, затоа што знаат до кое ниво е развиена демократијата кај нас и знаат што може да ги очекува.

– На земјата не ѝ недостигаат политички опции, туку ѝ фалат опции како да се развие оваа земја со овие ресурси што ги има“, вели Кучи.

Кучи се жали и на бавното раздолжување на државата кон стопанството.

Би можело да ве интересира

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

Орце Костов

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор