КСС апелира до работниците да ги почитуваат заштитните мерки против Ковид-19

Од:

Поради големиот број на активни случаи на лица инфицирани со вирусот Ковид 19, како и големиот број на новозаболени на дневна основа, Конфедерацијата на слободни синдикати се обраќа до сите работници за примена на мерките за заштита на работно место во време на пандемија.

Пред се, доколку е загрозено здравјето на работникот, загрозено е и работното место, а со тоа и целата компанија. Свесни сме дека се наоѓаме во неизвесен и кризен период каде работникот е изложен на можна инфекција од Ковид-19 а со тоа и ширење кон останатите колеги. Затоа повторно апелираме за зголемување на свеста кај секој работник дека
навистина неговото здравје е важно, како за себе, своето семејство така и за сите колеги и
целото општество.

Оваа пандемија покажа колку е изложен на удар системот на безбедност и здравје при работа и колку лесно и брзо може да се шири вирусот преку работните места. Во продолжение на овој апел сакаме да ве потсетиме на основните мерки кои веќе се објавени во јавноста:

 Мијте ги рацете често, користејќи сапун и вода, подолго од 1 минута, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите;
 Внимавајте да воспоставите физичка дистанца од 2 метри;
 Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик;
 Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња;
 При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.

Би сакале да потенцираме дека не секаде уредно се применуваат мерките за заштита од зараза и токму поради тоа последните резултати од тестирањата на вирусот Ковид-19 се покажаа голем број на позитивни на истиот вирус. Сведоци сме дека овој вирус зема голем замав на светско ниво и затоа потребна е заедничка одговорност и спроведување на
мерките за заштита од заразни болести потенцирајќи дека СИЛАТА е во заедничкото дејствување со цел прекинување на ширењето на овој разорен вирус, велат од КСС.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Пробиштип

Ристески: Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, со овој притисок ќе избегаат од Македонија

Горан Наумовски

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Македонија 98.416 лица се невработени, a 691.736 се вработени

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Филипче: Најразочарани од работата на Владата во првите три месеци се работниците

A1on