Ковачевски: Училиштата и и јавните претпријатија може да склучат договори со ЕСМ за поевтина струја

Од:

Потрошувачите од прехранбениот сектор, училиштата и јавните претпријатија за водостопанство уште од денес може да поднесат документација за склучување на договор за поевтина струја до 30 април 2023 со тоа што ќе се склучуваат договори со ЕСМ продажба на месечно ниво.

– Веќе се утврдени процедурите и ЕСМ ја подготви документацијата за склучување на договорите за електрична енергија со компаниите и училиштата. Потрошувачите можат да склучат договор со ЕСМ продажба за снабдување со електрична енергија секој први во месецот. Сите треба до 10-ти и 11-ти во ноември да поднесат докуменѕти за да почне снабдувањето од први декември. За корисниците кои се приклучени на снабдувач во краен случај рокот е до 20-ти во месецот. Со оваа мерка се опфатени производителите на основните прехранбени продукти кои ќе плаќаат по 80 евра за мегават-час. Овие фирми најавија намалување основните продукти за најмалку 10 проценти, потврди премиерот Димитар Ковачевски.

Втора категорија спаѓаат јавните претпријатија за водостопанство. За нив е клучна струјата за функционирање на нивните пумпни и прочистителни станици. За нив ќе биде 95 евра за мегават-час.

– За да имаме поевтина струја за осниовните и средните училиште владата обезбеди струја од 95 евра за мегават-час Граѓаните нема да останат сами во снабдувањето на енергијата, струјата ќе се субвенционира до 80% од централниот буџет, додаде премиерот.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото