Ковачевски на „Винска визија на Отворен Балкан“: Голем интерес за македонските вина и храна

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски при учеството на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ што беше отворен денеска во Белград, им даде поддршка на претставниците од над 70 македонски изложувачи, винарии, дестилерии, гастрономски компании, од туристичката дејност.

Премиерот го поздрави интересот за присуство на саемот и оцени дека постигнатите успеси во квалитетот на македонското вино познато во светот, македонската храна и туристичката понуда се амбасадорска промоција на Република Северна Македонија во регионот, Европа и светот.

Ковачевски најави уште позасилени активности на Владата кон отворањето нови пазари за компаниите и кон европскиот пазар.

Саемот за вино, храна и туризам во Белград е значајна можност за воспоставување деловни релации и размена на искуства меѓу компаниите и присутните од различни држави. Посетителите на саемот, во следните дена, имаат можност да вкусат автентични македонски вина и храна, коишто, заедно со српската и албанската понуда, се на нивото на врвен светски квалитет, како и да се запознаат со туристичките потенцијали на државите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Ковачевски: Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ е најголемата и единствена автентична социјал-демократска партија во Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник

Горан Наумовски