(ВИДЕО) Ковачевски: Мицкоски неодговорно и недомаќински ја раководел најголемата енергетска компанија

Од:

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски го обвинува неговиот претходник Христијан Мицкоски за неодговорно и недомаќинско работење за време на водењето на најголемата енергетска компанија во земјава.

-Мицкоски ќе влезе во историјата како директор кој купил увозна струја по астрономско високи цени. Во јануари 2017 година увезе струја по цена и до 240 евра за мегават час. Во периодот од 8 до 23 јануари како директор купил скапа увозна струја во вредност од 360 милиони денари или 5,6 милиони евра, средства кои немало да се потрошат доколку се работело како што треба, рече Ковачевски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека ќе немало увоз на струја доколку компанијата била подготвена за грејната сезона.

-Само во јануари 2017 година набавени се 58.992 мегават часови електрична енергија од кои најниската цена е 52,85 евра, а највисоката фантастични 240 евра за мегават час. Само Мицкоси може да одговори зошто во 2017 година дозволил да нема евтино домашно приоизводство на енергија и наместо тоа да купува скапа увозна струја, зошто купувал ден за ден што е модел за највисоки цени и зошто не набавил плански за подолг период со што би се постигнало намалување и упросечување на цената, рече Ковачевски.

Праша дали со, како што рече, неговото неодговорно работење Мицкоски свесно ја оневозможил компанијата да произведе сопствена енергија со што ја загрозил стабилноста на електро-енергетскиот систем во државата и предизвикал сериозна штета.

-Тоа се прашања на кои само Христијан Мицкоски може да одговори, потенцира Ковачевски.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов