Премиерот Ковачевски: Во петок започнува дијалог за зголемување на пензиите

Од:

„Минималната плата ја постигнавме низ дијалог со сите заинтересирани страни, во дијалогот беа вклучени синдикатите и работодавците, а беа консултирани и стопанските комори. На ист начин ќе биде направена и новата методологија за пензиите која што ќе биде резултат на дијалог со здружението на пензионерите, односно на асоцијација на пензионерите. Тој дијалог ќе започне во петок оваа недела“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во изјава за медиумите.

Премиерот Ковачевски посочи дека министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска веќе го има свикано првиот состанок на кој ќе разговараат асоцијациите на пензионерите заедно со економските ресори во Владата. Дијалогот ќе биде фокусиран на дефинирање методологија која треба да овозможи одржливо зголемување на пензиите во наредните години внимавајќи притоа на одржливоста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Премиерот Ковачевски истакна дека, во година на економска криза предизвикана од енергетската европска криза, Владата веќе прави анализи за дополнителна финансиска помош за пензионерите.

Би можело да ве интересира

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Партијата на пензионери е против зголемување на прагот за пензионирање

Фискалниот совет предлага од 2026 година зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години

Катерина Ѓуровски

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии