Ковачевски: АД ЕСМ е гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, објавуваме меѓународен повик за набавка на јаглен

Од:

Со нашиот план за ископ на јаглен и производство на електрична енергија, ние имаме стабилно производство и ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за снабдување на домаќинствата, по цена значително пониска од пазарната, со цел да не се почувствува ценовен шок кај граѓаните, порачува генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Но, додава, за стабилен електро-енергетски систем потребно е да се произведе дополнително количество електрична енергија, за што е потребен засилен ископ на јаглен во РЕК Битола, како и набавка на јаглен на меѓународен јавен повик.

-АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што во текот на утрешниот ден ќе биде објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на еден блок во РЕК Битола и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Со оваа произведена енергија ќе го зацврстиме електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци, ќе ги продадеме на слободниот пазар и со тоа ќе оствариме приход за компанијата и за државата, вели Ковачевски во пишана изјава за медиумите.

Тој нагласува дека АД ЕСМ будно ги следи движењата на пазарот на електрична енергија, каде, потенцира, во изминатите осум месеци се бележи енормен раст на цената на електричната енергија.

Би можело да ве интересира

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно